Болка во вилицата, кликнување при отворање на устата, главоболки или напнатост во лицето – ако ви звучат познато, можно е да се работи за TMD (нарушување на темпоромандибуларниот зглоб).

Оваа состојба е многу почеста отколку што се мисли, а често останува недијагностицирана. Она што многумина не го знаат е дека TMD не влијае само на вилицата – туку и на спиењето, исхраната и квалитетот на секојдневниот живот.

Што е TMD и како се манифестира?

Темпоромандибуларниот зглоб (TMJ) ја поврзува вилицата со черепот и е еден од најактивните зглобови во телото. Кога има нарушување во неговата функција, може да се појават:

  • болка во вилицата или лицето
  • кликнување или пукање при отворање на устата
  • ограничено отворање на устата
  • главоболки и болка во вратот
  • напнатост при џвакање или зборување

Овие симптоми можат постепено да го нарушат секојдневното функционирање.

Повеќе од симптом – вистинската причина

Клучот за успешен третман не е само да се намали болката, туку да се открие вистинската причина.

TMD може да биде резултат на:

  • стрес и стискање на забите
  • неправилен загриз
  • повреди или лоша позиција на вилицата
  • мускулна дисбаланс

Затоа, современиот пристап не е „едно решение за сите“, туку персонализирана терапија.

Како изгледа TMD терапијата?

TMD терапијата комбинира повеќе методи кои заедно даваат најдобри резултати:

✔️ Мануелна терапија
Со нежни техники се ослободува напнатоста во мускулите и се намалува болката.

✔️ Вежби за вилица
Специјално дизајнирани вежби кои ја подобруваат подвижноста, стабилноста и координацијата.

✔️ Терапии за болка
Топлина, лед, ултразвук или електротерапија – зависно од состојбата, за побрзо олеснување.

✔️ Совети за секојдневни навики
Мали промени како правилно држење на вилицата, избегнување тврда храна и контрола на стресот прават голема разлика.

Закажете консултација со д-р Елена и добијте персонализиран план за третман.